Македонија
10. November 2016 - 16:13

Експерти: Опасни најави на Заев за редефинирање на Уставот

Лидерот на опозицијата Зоран Заев, синоќа во дебтната емисија на телевизија 21 потврди дека планира отворање на Уставот со цел редефинирање на  уставниот концепт на државата и тоа за прашања кои задираат во етничките права на заедниците. Иако процесот на променат на Уставот Заев го врзува со граѓански концепт, сепак во таков пакет влегува и двојазичноста. Заев јасно потврди дека останува цврсто убеден во ставот дека албанскиот јазик треба да биде официјален на целата територија на државата.

Синоќешната потврда на Заев дека планира уставно редефинирање на државата, за политичкиот Александар Пандов е неразумна и опасна политичка реторика. Пандов предупредува дека Заев во игра ги враќа веќе затворените етнички прашања, кои со години предизвикуваа конфликти во државата.

Од друга страна пак, Панов смета дека станува и збор за процес на креирање нова криза по изборите, овој пат политичката да биде заменета со етничко-безбедносна криза

Панов смета дека е недозволиво политичарите, а особено лидерите на големите партии ваквите теми да ги отвораат за дневно-политички поени.