Бизнис
9. May 2017 - 19:50

Експерти: Наместо стечај, реорганизација на компаниите со финансиски потешкотии

Навремена санација со реорганизирање на фирмите  е спасот од стечај и ликвидација. Потребно е судиите и стечајните управници да ја совладаат материјата и практично да се научат како да направат план и да ја спроведат реорганизацијата.  Раното предупредување според надлежните е најважно за да се спасат компаниите, а вработените да ги задржат своите работни места. По примерот на ЕУ и кај нас ќе се носат нови законски измени со кои ќе се изготват модели за реорганизација.

- Планот за реорганизација е најсложениот дел од стечајната постапка. Тоа е комбинацијата - како да се усогласат правните одредби со економската состојба. Додека правото е децидно, без можности за какви било отстапувања, економските проблеми имаат многу повеќе решенија и секое од нив може да биде најблиску до врвот, изјави заменик претседателот во Комората на стечајни управници Драги Момировски.

Ако една фирма се реорганизира продолжува со вршење на дејноста, работните места можат да се задржат, задржана е вредноста на имотот и  се создават услови за остварување приход. Кај нас закоснки е овозможено да се прави и вонстечајна организација.

И судиите и стечајните управници треба подобро да ја совладаат материјата за стечајната постапка посебно околу планот за реорганизацијата што е нешто посебно. За планот за реорганизација одлучуваат доверителите, а не стечајните судии. Стечајниот судија не мора дури ни да го стопира процесот за да нема одолговлекување, а стечајниот управник треба да биде добро подготвен за да се заврши постапката, објасни Димитров. Со последните измени и дополувања на Законот може да се прави вонстечајна организација ,потенцираше Красин Димитров тим лидерот на проектот за  „Зајакнување на административните капацитети за имплементација на законската рамка за стечај и ликвидација на трговските друштва“

Во земјава има околу 1800 отворени стечајни постапки од кои 1000 се од проверките поврзани со бришење на трговските друштва по службена должност.

Стечајните постапки од година во година се поефикасни. Стечајните управители велат дека со последните закоснки измени особено во делот на електронската продажба и утврдување правен статус има голем напредок . Постапките сега траат околу година ипол.