Бизнис
27. December 2017 - 19:38

Експерти: Мерките се добредојдени, но не се доволни

Добредојдени, но далеку од доволни за компаниите. Вака еспертите ги коментираат предложените владини мерки за поголем економски раст наредната година.

Не се согласуваат  со идејата сите фирми кои ќе  покажат како успешни,  да бидат поддржани подеднакво.

Напротив,  велат дека, помош ќе им треба само на оние сектори  кои  се стратешки, конкурентни и значително влијаат врз растот на БДП.

- Треба да се поддржуваат извозно ориентираните компании, да се подджат оние стартешки гранки кои генерираат конкурентни производи кои влијаат врз растот на БДП, а не Владата да очекува најголем дел од растот да се темели на личната потрошувачка кај домаќинствата. Значи мерките се добредојдени, затоа што до сега немало никакви мерки, но далеку од доволни, изјави Фатмир Битиќи, универзитетски професор

Мерките стапуваат на сила од април, кога компаниите ќе ги достават завршните сметки за претходната година, по што ќе можат да аплицираат за некоја од предложените владини мерки за користење на неповратна  паричната помош.