Бизнис
19. September 2016 - 21:20

Експерти: Гасификација за поевтин енергенс и почист воздух

Поевтин енергенс и почиста животна средина се главните придобивки од гасификацијата. Експертите за Сител  коментираат дека заложбата да државата што побрзо и што повеќе субјекти да дојдат до гас е позитивна.

 Употребата на  овој енергенс ќе придонесе за намалување на загадувањето особено  во зимските месеци кога тоа е и најголемо заради греењето на дрва.

„Македонија е држава која се соочува со големи проблеми во однос на заштитата на животната средина особено кога се работи за загадувањето со честичките ПМ 10 и ПМ 2,5 во градовите Скопје, Битола и Тетово. Очекувам дека најголемата придобивка ќе биде токму подобрувањето на амбиенталниот возуд во овие градови. Со оглед на тоа дека најголем дел на емисијата на штетни гасови е од согорувањето, кога постоечките горива би ги замениле со природен гас можеме да очекување подобрување на квалитетот на водухот во градовите“, вели професорот на Машински Факултет при УКИМ, Даме Димитровски.

Предност на гасификацијата е и тоа што граѓаните и фирмите ќе имаат алтернатива. Ќе можат да ги користат постоечките енргенси, но ќе можат да користат и гас. Трошоците значително ќе се намалат.

„Останатите извори на греење, а меѓу нив и електричната енергија која често с екористи за оваа намена, се неколку пати поскапи од природниот гас. Покрај тоа, придобивки има и за индустријата затоа што гасот е попристапен. Тоа го поевтинува и поедноставува производството“, вели Зоран Марков, професор на Машински Факултет при УКИМ.

Владата донесе одлука за нов проект за изградба на дистрибутивна мрежа на природен гас. Според него, цената за прилучок се намалува од 100 на 80 евра, а разликата ја субвенционира државата. Другата новина е што пеиродот за концесија се зголемува од 20 на 30 години што според експертите ќе доведе до зголемен интерес кај инветситорите.

„Зголемувањето на периодот за концесија значи дека му се дава шанса на концесионерот да си ги врати парите и да прави профит. Владата сака да му покаже на идниот инвеститор дека се грижи што повеќе потрошувачи да има со што тој побрзо ќе влезе во позитива. Сака да покаже дека државата им помага на граѓаните да ги сносат трошоците за приклучување“, вели универзитетскиот професор, Константин Димитров.

Со гасификацијата ќе бидат опфатени сите региони преку јавно приватно партнерство. Јавниот повик ќе биде објавен наскоро. Паралелно, во тек е изгрдбата и на магистралните гасоводи. Клечовце-Штип е готов, Штип-Неготино е во грдба, а наскоро планирано е да почне изгрдбата и на гасоводите од Неготино до Битола и од Скопје до Гостивар преку Тетово.