Македонија
11. April 2020 - 16:40

Експерти: Да се истражи случајот со починатата жена во Велес

Случајот со 90-годишната велешанка може да ја промени светската историја. Микробилогот Пановски предупредува дека државата не смее да објавува вакви непотвредени информации со оглед дека ниту еден вирус не може да опстои 3 месеци во мртво тело.Смета дека постои огромна можност овој тест да е лажно позитивен, бидејќи не секое РНК парче значи и присуство на корна вирус.

Според доктор Пановски голема е веројатноста вирусот да бил присутен во земјава и пред крајот на февруари, но за тоа се неопходни детални тестирања на претходно заразени со слична клиничка слика како онаа на корона вирусот.

Дилемата дали корона вирусот е присутен во земјава многу поодамна, вчера ја отвори министерот Филипче кој вели дека сомнежот е уште поголем со оглед на двојно поголемиот број на заразени од сезонски грип оваа година.

 „Кај едно од лицата од Велес најден е вирусот во примерок од дишното стебло. Тешко е да се каже причината за смртта, но во насока на тоа што значајно е зголемена бројката на заболени од грип годинава, не е исклучена можноста вирусот и порано да бил присутен, особено поради асимптоматските носители на вирусот“, изјави Филипче.

Првиот случај на зарзаен од корна вирус во Македонија беше регистриран на 26 февруари кај 50-годишна скопјанка вратена од Италија. Дали вирусот бил присутен многу порано ќе покажат анализите на примероците земени од заболените од сезонски грип кои се чуваат во Институтот за јавно здравје, но откако ќе помине пикот и ќе се намали бројот на новозаразени со Ковид-19.