Живот
15. May 2018 - 10:13

Експеримент кој ги поместува границите на можното: Ќе живеете 130 години, со тело и ум како да имате 22

Еден стартап од Харвард започнал со прелиминалрни експерименти со кучиња и тврди дека може да ги подмлади животните, додавајќи нови ДНК молекули во нивните тела. И да, тврдат дека овој процес еден ден ќе се применува и врз луѓе.

Реџувенејт Био (Rejuvenate Bio) ги заснова своите истражувањаа на претходните трудови кои покажаа дека зголемувањето на гените на едноставните организми како црви и муви може да го удвои траењето на нивниот живот. Претходните истражувања покажаа дека кај старите глувци биомаркерите можат да се вратат на помлад степен акои им се даде трансфузија од помлади глодари.

„Веќе направивме бројни тестови врз глувци и сега вршиме некои над кучиња, а потоа тргнуваме на луѓе“, рече соосновачот на стартапот Џорџ Черч претходно оваа година. Додаде и дека сам ќе се пријави ако тестирањата бидат согурни, како и дека целта е да „се има тело и ум на 22-годишник, но искуство на човек од 130 години“.

Се работи за приватна и исклучително затворена фирма, но документите кои се откриени покажуваат како Реџувенејт ја испробал својата генетска терапија врз 4 кучиња од едно ветеринарно училиште во Бостон.

Черч нагласи дека терапијата на подмладување ќе биде профитабилна дури и само да делува врз кучињата, а не и врз луѓето.

„Кучињата претставуваат цел еден пазар“, рече Черч во Бостон минатата недела.

„Не се работи само за голем организам близок на луѓето. Тие се нешто за што луѓето се подготвени да платат, а процесот на добивање на потребните дозволи за тестирање врз кучињата одат многу побрзо. Ќе правиме експерименти врз кучиња и тоа ќе биде производ за посложени тестирања врз луѓето“, додаде тој.

Редџувенејт Био така веќе доби пари од Единицата за специјални операции на САФ за истражување на можните „појачувања“ на воените кучиња.

Лабораторијата на Черч на Харвард почна во 2015 година со експерименти за подмладување на глувци со генетски инженеринг. Лабораторијата тестираше 60 различни генетски терапии врз глувци. Претходните студии покажаа дали функционалноста на срцето се подобрува неколку недели по давање на „чудотворниот лек“ рапамицин, што поттикна натамошни истражувања за можноста за продолжување на животниот век на кучињата.

Рапамицин е бактериски нуспроизводи откриен на тлото на Велигедните острови. Веќе се користи кај пациенти со пресаден орган за да се спречи одбивање на истиот, а научниците велат дека може да се подобри учењето, како и да помогне во лечење на намалените когнитивни способности.