Живот
9. July 2016 - 9:39

ЕКСПЕРИМЕНТ: Како реагира мачка на ЛСД кога ќе види глушец

Кон крајот на 50-те и почетокот на 60-те години од минатиот век американската војска на големо го истражувала начинот на кој може да се користи LSD-то за воени цели.

Тие имале за цел да ја испробаат дрогата на луѓе, но најпрво започнале експериментите да ги изведуваат врз животни.

На јутуб неодамна се појави видео од експериментите кои биле вршени во тој период, на кој е снимено како мачка на LSD, реагира на глувци кои се пуштени во нејзина близина.

Погледнете го видеото снимено во 1959 година: