Македонија
10. July 2019 - 13:05

Ексклузивно: Љубовната приказна на овогодинешните зет и невеста на Галичка свадба!

Марина Петровска и Огнен Караѓозовски викендов ќе го кажат судбоносното „ да “  пред неколку илјади посетители од земјава и странство, на 46-тото издание на Галичка свадба. 

Oд 12-ти до 14-ти јули, по 46-ти пат, во убавиот Галичник, ќе се одржи традиционалната Галичка свадба. Пред големиот спектакл ексклузивно се запознаваме со Марина Петровска, галичката невеста и
младоженецот Огнен Караѓозовски, кој по потекло е од Галичник.

Неколку илјади посетители од земјава и странство се очекува да пристигнат на оваа традиционална манифестација. Уникатните свадбарски обичаи и ритуали, богат колорит на народните носии и изворните песни и ора се печат за овие краеви од Македонија.

Во центарот на вниманието и на годинешната најпозната македонска свадба ќе бидат галичката невеста Марина Петровска и младоженецот Огнен Караѓозовски, кој по потекло е од Галичник. Се запознале на своето работно место, а останатото погледнете го во продолжение од извадокот од нивното гостување во „Ја сакам Македонија“.