Екс премиерот Ренци одново избран за лидер на италијанската Демократска партија
Поранешниот италијански премиер Матео Ренци одново е избран за лидер на италијанската лево-центристичка Демократска партија (ДП).
На партиските избори, Ренци (42) освои 70 отсто од гласовите, оставајќи ги далеку зад себе двајцата противкандидати.
Уверливата изборна победа му овозможува на поранешниот премиер, да остане во врвот на италијанската политичка сцена.
На овие партиски избори учествувале над два милиони гласачи.
Ренци поднесе оставка на премиерската и на лидерската функција во ДП, откако на референдумот за уставни промени во Италија, што се одржа во декември минатата година, доживеа пораз.
Во првата реакција по повторниот избор за лидер на ДП, тој најави дека веднаш почнува со подготовките за италијанските парламентарни избори, предвидени за 2018 година.
Последните испитувања на јавното мислење покажуваат дека Демократската партија го губи својот рејтинг и сега е и зад Движењето Пет ѕвезди.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата