Македонија
23. May 2018 - 17:27

Екс премиерот Никола Груевски доби две години за случајот „Тенк“ - одбраната најави жалба

Ова е пресудата за случајот Тенк на Специјалното јавно обвинителство во кој за набавката на блиндираниот мерцедес од 600 илјади евра, беа обвинети екс премиерот Груевски и поранешниот помошник министер во МВР, Поповски. Според пресудата, виновни се дека сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ и „Злоупотреба на службената положба“.

Пресудата за случајот ТЕНК ја слушна само Поповски кој беше донесен од затворски притвор. Груевски, не се појави на соопштувањето на пресудата.

Тој на фејсбук напиша: „Главата горе горди мои македонци и горди граѓани на Македонија. Ова е твоја земја, Ние нема да те изневериме и ќе бидеме рамо до рамо со тебе, во сите предизвици. Ти си нашата сила, ние сме вашата сила. Доаѓаат подобри времиња. Главата горе и не заборавајт, ова е ваша земја на сите кои што живеете во неа и ничија друга“, напиша Груевски на фејсбук.

Одбраната е незадоволна од пресудата. Најави жалба пред повисокиот суд.

Додека траеше соопштувањето на пресудата, пред кривичниот суд се одржуваше протест.

Груевски и Поповски треба да ги платат и трошоците за водење на судската постапка во висина од околу 5 илјади евра.