Македонија
10. July 2017 - 16:40

Екс пратеничката на СДСМ, Цветанка Иванова е предлог за нов генерален секретар на собранието

Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Цветанка Иванова е предложена за нов генерален секретар на Собранието. Нејзиното именување најпрво ќе треба да ја помине расправата во рамки на собраниската комисија за избор и именувања, која има деловничко право да даде свој предлог за оваа позиција.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладнево побараа Генералниот секретар на Собранието да се бира преку конкурс, а не политички. Сметаат дека кандидатот мора да исполнува посебни услови со цел оваа функција да биде ефективна.

Согласно Деловникот Генералниот секретар му помага на претседателот на Собранието во подготовките и организирањето на седниците и ја орагнизира работата на собраниските служби.

Актуелниот генерален секретар Жарко Денковски е именуван на оваа позиција пред 10 години.