Loading Video...
Фудбал
31. May 2020 - 17:35

Екс-комесарот на ФФМ, Миле Спиркоски вели - Статутот е фалсификуван, нема логика да продолжи првенството

Откако денеска беше објавено дека шестмина фудбалери (четворица на на ФК Ренова и двајца на ФК Шкендија) потврдено се позитивни на Ковид-19, се наметна прашањето постојат ли воопшто првенствено здравствени услови за 14 дена да продоли прекинатата сезона во Првата македонска фудбалска лига!?
 
По ваква ситуација невозможно е да има враќање на фудбалот на терените, особено ако се има во предвид дека веќе во двата клуба беа одржани и тренинзи па сега се поставува прашањето, дали и по евентуално ново тестирање, бројот на заразени ќе биде поголем?
 
Поранешниот Комесар за натпреварување во ФФМ, Миле Спиркоски, вели дека и пред новонастанатата ситуација немало никаква логика и оправданост да се рестартира Прата лига 
 
Спиркоски потенцира дека во ситуација кога и бројот на играчи кој ќе го имаат на располагање екипите, не само македонските, туку и оние кои недостасуваа мислејќи на странците, невозможно е да бидат одиграни девет кола во Првата лига, а дополнително и натпреварите во Купот, во период од само 30-40 дена. Со тоа, практично би се довеле фудбалерите во невозможна ситуација, а истовремено се ризикува да бидат удиштени две сезони, прекинатата, но и онаа која следи. 
 
Воедно поранешниот комесар на ФФМ, Спиркоски, нагласи дека Статутот на ФФМ е фалсификуван, и дека институциите треба да преземат соодветни мерки. 
 
Тој најави и дека е подготвен да достави докази за тоа.