Бизнис
22. јуни 2016 - 19:49

Eкономско - Социјалниот совет го поддржа продолжувањето на проектот Македонија вработува

Проектот Македонија вработувва ќе продолжи да се применува.  Заради успешноста во првата година од неговата примена, Владата на последната седница ги усвои законските измени, кои веќе се пратени во собранието и треба да се изгласаат по скратена постапка. Се очекува преку овој проекет да се вработат од 15 до 20 илјади лица. Кои се поволностите од Македонија вработува – слушате во денешната тема на денот

Крајот на овој месец  или почетокот на јули ќе стартува проектот Македонија вработува 2.

.  Заради успешноста во првата година од неговата примена, со цел натамашно намалување на невработеноста, Владата  донесе одлука да го  продолжи.  .

Македонија вработува се однесува на пет категории граѓани за кои компаниите кои ќе ги вработат во период од три до пет години нема да им  плаќаат придонеси .

Првата категорија, се млади до 35 години за кои работодавачот ќе биде ослободен од плаќање придонеси 3 години

Втората категорија се  долгорочно невработени лица од 35 до 50 години при што ослободувањето од плаќање придонеси ќе важи 5 години.

Третата категорија се невработени лица над 50 години. И за нив ослободувањето ќе важи 5 години.

 Четвртата категорија се невработени лица над 58 години, односно оние кои најтешко наоѓаат работа. За нив ослободувањето од плаќање придонеси ќе важи до пензионирање.

Петата категорија, се невработени лица со социјален ризик за кои ослободувањето од давачките ќе важи 5 години.

Компаниите за да можат да ги користат поволностите од проектот ќе мора да исполнат неколку услови

Сао за една година, од април  2015 та до април оваа година, колку што се применуваше проектот,  невработеноста значително се намали. Поволностите ги искористија претежно малите  бизниси .

Придобивките од новиот прокет се очекува да траат една година. и да влијаат врз натамошен пад на невработеноста. А токму намалувањето на невработенсота останува еден од најважните владини приоритети.

И Синдикатот и работовадачите задоволни што Македонија вработува продолжува да важи. Ослободувањето од плаќање придонеси ќе значи зголемување на бројот на работници, намалени трошоци за компаниите, но и намалување на сивата економија затоа што држењето не пријавени работници станува неисплатливо.

За ССМ најзначајно е што Македонија вработува става посебен акцент на тие кои најтешко се снаоѓаат на пазраот на трудот.

Искуството покажува дека најголема корист од првата фаза од Македонија имале малите компании.

Македонија вработува се однесува на пет категории граѓани за кои во период од три до пет години нема да се плаќаат придонеси - млади до 35 години, долгорочно невработени до 50 години, невработени до 58 години и возрасни над 58 години. Посебна категорија се лицата со социјален ризик.

Македонија вработува почна да се применува лани во април и важеше една година. Се вработија над 19.000 лица во над 10.000 компании. Новиот проект ќе почне да се применува најдоцна од јули. Во тек на една година ќе отвори меѓу 15 и 20.000 нови работни места.

Ја слушавте денешанта тема на денот, во продукција на радио слободна Мкаедонија. Со мене, наташа Мерсовска се слушаме и наредниот четврок во истиот термин. Имајте убав ден.