Македонија
16. April 2021 - 19:51

Економските мерки се уште не се изгласани, илјадници граѓани и фирми чекаат помош

Седница за петтиот пакет економски мерки веднаш, бара опозицијата. Синоќа парламентот ја пропушти шансата конечно да се донесат законите за финансиска помош на граѓаните и фирмите, а опозицијата и собранискиот спикер Џафери два часа се надвикуваа која седница да дојде на ред.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека мнозинството тактизира со мерките.

Левица пак,смета дека спикерот има премногу деловнички права, додека пак, од Алијанса и Алтернатива се сомневаат дека нема пари за мерките.

Од власта возвраќаат дека опозицијата е таа ги остава работниците и граѓаните без помош. Пари во буџетот има, тврди премиерот Зоран Заев, но не сака да ги коментира состојбите во парламентот.

Нема одговор од кабиентот на Џафери кога би се закажала седницата.

Во меѓувреме, на втората заедничка средба Заев постигна договор со Села и Гаши за законот за државјанство, но детали не откриваат додека решението не биде ставено на хартија. Финалната верзија се очекува на почетокот на наредната недела.