Македонија
9. September 2018 - 16:39

Економските директори сепак остануваат, иако беше најавено нивно укинување

Иако здравствените власти најавија дека ќе ги укинат економските директори, сепак некои клинини, болници и институти и во иднина ќе ги раководат двајца менаџери. Филипче се правда дека дел од јавните здравствени установи имале потреба од втор директор, но неофицијално од коалициониот партнер ДУИ реагирале за измените на Законот за здравствена заштита со кои било предвидено укинувањето на економските директори и оваа точка ја повлекле од владина седница.

- Ние рековме дека ќе ги укинеме економските директори, но во некои установи се намета потребата од втор директор заради специфичноста на услугите и бројот на вработени, разговаравме со коалициониот партнер, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Инаку во моментот втор директор имаат 15-тина јавни здравствени установи, меѓу кои болницата во Козле, Здравствен дом Скопје, Детската клиника, Хематологија, Дерматологија, ендокринологија... Половината од нив се кадри на ДУИ, а оние кои беа именувани од ВМРО ДПМНЕ имаат мандат уште две години.

Укинувањето на економските директори го најави Таравари бидејки немало корист од нив, клиниките имале долгови, а тие земале месечна плата од 1000 до 1500 евра.

Пред 12 години со законски измени втор менаџер добија сите здравствени установи со над 1000 вработени. Минатото лето новата власт најголемиот дел од нив ги разреши.

Александар Динев Сител телевизија.