Бизнис
19. February 2017 - 16:45

Економските аналитичари очекуваат реализација на проектираниот пад на невработеноста

Невработеноста и натаму ќе се намалува. Од сегашните 23,4%, до крајот на идната година ќе падне на 18%. Ова го прогнозираат и Владата и европската комисија во последниот извештај. За експертите очекувањата се реални. Оптимизмот произлегува од досегашните резултати, растот и во услови а тешка политичка криза лани изнесуваше над 2,5%. Инветситорите креираат нови работни места и го зголемуваат извозот. Ако се надмине политичката криза, економијата повторно ќе може да тргне посилно напред.

Во правец на стабилизирање на економијата, и НБРМ ја олабавува монетраната политика. Каматнтата стапка на благајничките записи за три месеци се намали од 4 на 3,25%. Тоа е сигнал дека вештачки создадена криза лани е надмината. Шпекулациите дека денарот ќе девалвира ги натераа штедачите да ги повлекуваат депозитите, но заради мерките на Централната банка довербата е вратена. Каматите кои тогаш с екачија за да се заштити домашната валута сега може да се намалат.

Европската комисија прогнозира дека економијата годинава ќе порасне над 3%, резултатите можат да бидат и подобри ако политичката криза добие разрешница.

Македонската економија две и пол години е заложник на политичката криза, тоа вчера го нотираше и кредитната агенција Фич. Според Агенцијата,  монетарната и фискална политика во Македонија се поставени на здрави основи, но политичките превирања за кои не се знае кога ќе завршат се сериозна закана и го трошат високиот кредитен рејтинг кој го имаше земјава пред кризата.