Бизнис
7. September 2021 - 16:41

Економски самит во Скопје: Вакцинацијата како услов за развој, бизнисот бара да продолжи поддршката од државата

Економијата се подобрува, но пост ковид закрепнувањето оди бавно. За да можат креаторите на политики да понудат адекватни решенија, претседателот  Пендаровски повика дискусиите да се водат врз база на реални податоци. Клучниот фактор за излез од кризата, според него, е вакцинацијата, а потоа  вложувањето во човечки капитал.

 Без солидна и континуирана инвестиција во човечкиот капитал економскиот развој не може да биде одржлив и дека за таа цел предуслов е да се даде поддршка на младите кои се образуваат и создаваат во земјава. -Верувам дека токму во пост ковид периодот ќе имаме сет на политички и економски мерки кои ќе поттикнат продукција на нови, свежи концепти на тој план, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Владините претставници презентираа -  што презеле и како им помогнале  на граѓаните и фирмите во кризниот период. Ветија  инфаструктурни проекти, како  изградба на патишта, железници, гасификација, инвестиции во енергетската

Бизнисот благодарен што Владата низ сет мерки им помогна полесно да го пребродат кризниот период, но побараа дополнителна помош., како и решавање на историските проблеми -  владеење на правото, намалување на бирократските процедури,  борба против корупцијата и сивата економија, ефикасна администрација.

 Доцниме со инвестиции во инфаструктурата,потребна е реформа во даночниот систем, ефикасно спроведување  на правдата, изјави Хеби Хоџа, од Комора на Северозападна Македонија.

- Мора да најдеме начин да преживееме. Во следниот период се надеваме на нов сет мерки од Владата, како и борба против сивата економија вели Данела Арсовска, од Сојуз на Стопснките Комори.

За побрзо закрепнување на економијата финанска помош ветија и од  ЕБРД и ЕИБ. Првата транша од 100 те милиони евра, од Европската Инвестицика банка на малите и средни компании ќе им биде  достапни веќе од следниот месец. Поддршка ќе продложи за  инвестиции, пред се за Зелената агенда.