Економската состојба на деловните субјекти подобрена, се очекува раст на вработувањата
Економската состојба на деловните субјекти минатиот месец била поповолна во однос на август 2017 и септември 2016 година, сметаат менаџерите. Според нив, се очекува бројот на вработени да расте.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, повикувајќи се на оценката на менаџерите, обезбеденоста на производството со порачки во септември 2017 во однос на август 2017 година е понеповолна. Понеповолни се и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, додека залихите на готовите производи сe намалени во однос на август 2017 година.
Според раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември 2017 година е за 0,1 пероцент повисок во однос на претходниот месец, а во однос на септември 2016 година е зголемен за 1,4 отсто.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2017 година е 65,4 отсто. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат недоволната странска побарувачка, 21,3 отсто, недостигот на квалификувана работна сила, 19,6 проценти, недоволната домашна побарувачка, 17,5 отсто, и неизвесното економско опкружување, 11,7 проценти.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација