Бизнис
30. May 2019 - 16:16

Економија: Дали ЕУ нотира реформи или стагнација?

Недоволен капацитет за испорачување економски реформи или сериозен капацитет за одење напред. Експертите и власта различно го читаат истиот извештај од Европската комисија во делот на економијата.

Институтот за економски истражувања Фајнанс тинк оценува дека напорите и потезите на носителите на економските политики се вреднувани на сличен начин како лани, без нотирање особен напредок.

„Значајно ограничениот простор посветен на економијата (особено споредено со просторот посветен на политичките критериуми), како и користените изрази „одреден напредок“, „остануваат клучните слабости“ и нагласениот недостаток на долгорочни потези во економските одлуки укажува дека напредокот во економските политики и реформи и понатаму стагнира. Ваквата оценка на економските политики и потези на Владата е во целосна согласност со укажувањата на домашната експертска јавност за отсуството на посветеност кон целта и меѓусебната усогласеност на економските политики, како и недоволниот капацитет за испорачување економски реформи на повеќе фронтови“ стои во коментаор на Фајнас тинк.

Министерот Тевдовски пак  задоволен, смета дека извешртајот јасно ги потенцира сите реформи кои ја носат земјава напред.

ЕК констатира дека макеоднската економија по стагнацијата, во последната година бележи одреден напрдок, но бара властите да воспостават контрола на задолжувањето и трошењето на парите, како и да се ангажираат за реализација на планираните капиталните проекти. Препорачува исто како и преходно справување со сивата економијата, како и реформирање на образовниот систем во согласност со потребите на пазарот на труд.