Бизнис
12. јуни 2021 - 16:42

Еколошката такса на дизел горивото за власта нема за цел да го полни буџетот, туку да ја крене свеста кај граѓаните

Прво ќе се чека одлуката на Регулаторната Комисија да соопшти  колку ќе поскапи струјата, па ќе интервенира Владата. Раст на цената на електричната енергија ќе има. Пресметките со кои се бара  зголемување веќе  се доставени.,  а дел од енергетските компании сакаат и до 100% покачување. Затоа,  државата ќе се обиде да го амортизира ударот врз стандардот  на граѓаните  со намалувањето на ДДВ од 18 на 5%, вели заменик министерот за финансии Ковачевски

Се прават и последните консултации за воведувањето Еколошки данок. Со новата давачка  дизелот ќе поскапи за 3,5 денари по литар Опозициската ВМРО ДПМНЕ обвинува дека народот ќе плаќа поскап дизел затоа што Заев ја втурна државата во долгови, а данокот има за цел покривање на долговите и дупката во буџетот. Државата тоне во долгови, затоа што парите наместо да се трошат за капитални инвестиции, се трошеа за тендери за набавка на непотребни работи, или со преплаќање на потребни ствари.

За власта пак, буџетот е ликвиден, воведувањето нова  давачка не се прави да се полни буџетот, туку да се развие свеста за екологијата

 Еколошки такси се познати секаде  во светот. Ги имаат сите развиени земји и членки на ЕУ. Ние сме држава која се стреми кон ЕУ интеграциите, додава Ковачевски

Со воведувањето еколошки данок во буџетот ќе се соберат дополнителни 27 милиони евра, додека пак со намалувањето на ДДВ то во  сметките за струја државата ќе се откаже од 37 милиони евра.