Македонија
23. јуни 2020 - 21:12

Еколошка катастрофа во Штип

Еколошка катастрофа од невидени размери се заканува целосно да го згасне живиот свет во р. Брегалница.

 Од попладне во коритото на реката тече бела течност и се шири неподнослива реа. Штипјани револтирани не можеа да го смират гневот , кога видоа каква хаварија им се случува пред очи.

Откако веста почна да се споделува на социјалните мрежи, со Здружението на спортски риболовци Брегалница, се упативме долж течението на реката за да се види од каде доаѓа загадувањето. Изворот е во близина на поранешниот ТК Македонка, од каде по канал се влева бела концетрирана течност која ја обои буквално целата вода. Повикан е инсекторот за животна средина да дојде на лице место, но и после 2 часа од неа немаше ни трага, ни глас. На терен излезе само екипа на крим техника од полицијата која зема мостри за понатамошни испитувања. Граѓаните велат дека овој пат некој мора да сноси одговорност.

И досега е забележано во Брегалница да се испуштаат хемикалии и токсични течности, но никогаш не било од вакви размери. Пред две години водата се обои во црна, сина и црвена боја. Инспекторскиот увид тогаш не откри виновници, туку беше откриен пропуст кај неколку компании во кругот на поранешна Македонка, кои се занимаваат со боење ткаенини. Затоа и граѓаните со право бараат еднаш засекогаш да им се стави крај на несовесните загадувачи, од кои последици ќе трпат и идните генерации.