Македонија
21. March 2016 - 16:26

Еколошка акција во општина Илинден

По повод Денот на пролетта, Општина Илинден спроведе еколошка акција за зазеленување, пошумување и разубавување на општината.

Во соработка со ЈКП „Илинден“ и ЈП „Македонски шуми“ беше извршено засадување на дрвца во населбата Јака, како и на локацијата кај пешачко-излетничката патека во Ајватовци.

Рекултивацијата и ревитализацијата на деградираниот простор е дел од акцијата, а со проектот е опфатено уредување, рекултивација и ревитализација на деградиран простор од отпад и од смет, како и целосно обновување на површината.

Во еколошката акција учествуваа вработените во општинската администрација и јавните прртпријатија, ЈКП „Илинден“ и ЈКП „Водовод“, вработените во средното стручно и трите основни училишта, како и учениците од Општина Илинден.

Малите екологисти од градинката „Гоце Делчев“ се вклучија во одбележувањето на Денот на пролетта, давајќи свој придонес за почиста и поздрава животна средина со засадување на цвеќиња и нови дрвца-лешници и липи.