Македонија
14. December 2019 - 15:09

Еколошка акција во Крива Паланка

Општина Крива Паланка денеска се вклучи во големата еколошка акција за чистење jавни површини која се спроведе и на национално ниво.

– Одзивот на граѓаните и административните работници беше голем. Носител на оваа еколошка акција е општинската администрација, во истата учествуваше и градоначалникот Борјанчо Мицевски, а логистичка подршка обезбеди Јавното комунално претпријатие „Комуналец”. Акцијата има за цел чистење на одредени јавни површини и подигнување на еколошката свест и култура кај граѓаните за правилно и соодветно одлагање на отпадот на определени места, а со тоа и покажување на грижа за животната средина, информира службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.

Во акцијата учествуваа вработени во јавните претпријатија од општината, подрачните единици на министерствата и некои оддели на институциите во општината.Се расчистуваа регулационите речни корита на Крива и Дурачка Река како и дел од регулационите долови.