Македонија
10. March 2018 - 10:00

Еколошка акција „Не валкај-разубави-Ден за Велес“

Општина Велес денеска  организира голема еколошка акција  за чистење на градот под мотото „Не валкај-разубави-Ден за Велес“.

Акцијата се организира заедно со ЈКП „Дервен“, основните и средните училишта, урбаните заедници, општинската организација на Црвен крст, ТППЕ-Велес-Територијалната противпожарна единица  Велес, Центарот за управување со кризи и со повеќе граѓански организации.

Планирани се три собирни пунктови: во близина на Стар мост, на градскиот стадион и на игралиштето во населба „Тунел“. Акцијата ќе се одвива на локациите: ул.„Димко Најдов“, ул. „Луј Пастер“, на градскиот фудбалски стадион и на ул. Благој Ѓорев“.

Заради високиот водостој на Вардар ќе се избегнуваат крајбрежните појаси покрај реката за да не дојде до некои несакани последици.