Бизнис
20. February 2019 - 19:39

Екологистите бараат државата да управува со плажите

Eкологистите предлагаат државата да ги превземе ингеренциите над плажите не само на охридското крајбрежје туку и на преспанското и дојранското езеро .На овој начин според нив ќе се стави ред во искористувањето на плажите кои ќе бидат достапни за сите граѓани и туристи,

Бидејќи поголемиот дел од нив наместо плажи функционираат како угостителски објекти.

В.д.градоначалникoт Георгиески вели дека постапката за издавање на плажите сè уште е заглавена во судски и правни лавиринти.

До сега со плажите на Охридско-струшката ривиера стопанисуваа општините, кои истите ги издаваа под концесија.Концесионерите на плажите не сакаа да коментираат пред камера ,на најголемиот дел од нив концесиите им е истечени уште од лани додека на струшкото крајбрежје пред повеќе од две години.