Македонија
25. јуни 2022 - 16:33

Екологистите бараат да се забранат нееколошки пловила во Охридското Езеро

Пловилата во Охридското езеро се еколошка закана .Експертите посочуваат дека потребно е регулирање на пловилата со мотори на внатрешно согорување односно нивна замена со еколошки мотори кои не загадуваат. Сите тие влијаат негативно врз живиот свет во Езерото, бучавата ги менува навиките на популациите, горивата, моторните масла и хемиските средства коишто се користат ја загадуваат животната средина, а сите тие заедно предизвикуваат еколошки промени и догорчни последици.

Едриличарите сметаат дека треба да се поддржат едрилиците кои користат ветер, да се изградат марина, сидришта, пристапи до туристичките населби и батерии за полнење на електричните мотори.

Добрите познавачи посочуваат дека загадувањето ги загрозува ендемските видови флора и фауна и сметаат дека мора да се преземат мерки во насока на намалување на притисокот врз Охридското Езеро и развој на одржлив туризам.