Македонија
25. April 2018 - 17:21

Еко бродови во Охрид за еко туризам

Со пловење на соларни бродови и чамци во водите на Охридското езеро до поголема  еколошка заштита.Екологистите и архитектите предлагаат да го развиваат туризмот без да ја загрозуваат природата.

Меѓутоа сето ова останува само на хартија како идеја на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“. Од Капетанија на пристаништата пак велат дека во светот овој тренд за пловила на алтренативни форми на енергија за кој има огромен интерес сеуште е во фаза на усовршување.

Устијаноски потенцира дека Охридското езеро е тешко за пловидба ,како тренд овие пловила се појавуваат најнапред на помали езера каде нема големи бранови и силни ветрови.

Креаторите на проектот насловен Паметен Охрид кои нудат алтернативни решенија за користење на природните ресурси сметаат дека бенефитот ќе биде повеќекратен од една страна ќе придонесе за заштитата на еко системот а од друга пловните објекти ќе пловат поекономично .