Македонија
4. December 2018 - 15:45

„Еко аларм“ од Кавадарци реагира што се исечени дрва во Градскиот парк

 Активистите од кавадаречката група „Еко-аларм“ реагираат што се исечени дрва во градскиот парк и бараат од надлежните да ги најдат и казнат виновниците.

– Имавме еден од најубавите паркови во Македонија, а поради грешките од минатото, местото ја изгуби својата убавина. Да не дозволиме да продолжи масакрот врз природата од страна на несовесни поединци и тоа во услови кога Кавадарци е еден од најзагадените градови во државата, велат од „Еко-аларм” за МИА.

Оттаму нагласуваат дека редовно ќе ги следат состојбите на терен и ќе алармираат за сите незаконски дејства врз природата. Според нивни сознанија, исечени се над 30 дрвца пред една недела.

Од општината велат дека го разгледуваат случајот и доколку станува збор за незаконско сечење стебла, ќе бидат преземени соодветни мерки.