Македонија
16. February 2019 - 14:26

Еко-акции спроведоа АФПЗРР, АХВ и Општина Аеродром

 Еко-акции за чистење на околината, денеска спроведоа вработените во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Општина Аеродром. Собрани се 30 метри кубни смет, суви лисја и гранки во дворот на АФПЗРР, а се расчистуваше и кругот на АХВ. Акцијата е во рамки на спроведување на владините мерки за намалување на аерозагадувањето и заштита и унапредување на животната средина.

– Оваа еко-акција е мал допринес на вработените во АФПЗРР, за разубавување на околината и намалување на загадувањето на животната средина и воздухот. Со оваа еко – акција сакаме да покажеме поголема општествена одговорност и грижа за животната средина, велат од АФПЗРР.

Од АХВ упатија порака за подигање на свеста за значењето на чистата животна средина и намалувањето на аерозагадувањето.

Општина Аеродром, како што се наведува во соопштението, учествува во акцијата со логистичка поддршка ставајќи ги на располагање своите сезонски работници, камиони, косилки-тримери, гребла, мотики, лопати и друга опрема за чистење.