Еко-акции спроведоа АФПЗРР, АХВ и Општина Аеродром
Еко-акции за чистење на околината, денеска спроведоа вработените во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Општина Аеродром. Собрани се 30 метри кубни смет, суви лисја и гранки во дворот на АФПЗРР, а се расчистуваше и кругот на АХВ. Акцијата е во рамки на спроведување на владините мерки за намалување на аерозагадувањето и заштита и унапредување на животната средина.
– Оваа еко-акција е мал допринес на вработените во АФПЗРР, за разубавување на околината и намалување на загадувањето на животната средина и воздухот. Со оваа еко – акција сакаме да покажеме поголема општествена одговорност и грижа за животната средина, велат од АФПЗРР.
Од АХВ упатија порака за подигање на свеста за значењето на чистата животна средина и намалувањето на аерозагадувањето.
Општина Аеродром, како што се наведува во соопштението, учествува во акцијата со логистичка поддршка ставајќи ги на располагање своите сезонски работници, камиони, косилки-тримери, гребла, мотики, лопати и друга опрема за чистење.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација