Спорт плус
20. October 2015 - 10:43

EKK: Убедливи победи на македонските екипи

Одлични резултати на македонските клубови на Европскиот клубски куп во Шах што се одржува во х. Александар палас. 
 
Алкалоид за половина поен не постигна максимална победа и славеше со  5,5-0,5  против Осло Шакселскап од Норвешка и остана при врвот на табелата.
 
Пораз од 1,5-4,5 забележа вториот македонски тим на купот, Гамбит Асеко против Нови Бор од Чешка.
 
Кај дамите во дербито на колото, Гамбит Асеко ја преслуша екипата на СПБ од Русија и славеше со 4-0, по што по две кола со максимален учинок е на првото место.
 
Денеска од 15 часот се играат мечевите од третото коло. Алкалоид игра со Одлар Јурду од Азербејџан, Гамбит ќе ги одмери силите на шест табли со Калдер од Холандија, а во женска конкуренција Гамбит ќе игра со Нона од Грузија.