Loading Video...
Спорт плус
19. October 2018 - 19:39

ЕКК: ШК Алкалоид 6-ти во Европа, А.Гамбит 8-ми

Во Порто Карас заврши  Европскиот клупски куп во шах.  Македонскиот првак Алкалоид не успеа да го освои шампионскиот трофеј и на крајот се пласира на 6. Место иако играше одлично се до дуелот со Валеренга кој ги одалечи од целта.  Затоа пак блесна вториот наш претставник Гамбит Асеко кој направи историски пласман освојувајќи го 8. Место

Алкалоид настапи со силен интернационален состав како и во претходните години кога го освои единствениот европски трофеј но имаше еден слаб ден и тоа македонскиот првак го чинеше  многу.  По златниот медал од пред две години  и сребрениот од минатата година овојпат фармацевтите завршија како шести иако заслужија многу повеќе бидејќи токму Алкалоид му го нанесе единствениот пораз на новиот европски првак  Медни Всадник од Санкт Петерсбург  и играше константно добро.

За утеха останува златниот медал на Лирен Динг на првата табла.  Бронзен  медал освои вториот играч во нашиот тим од  Кина Ју Јангјин играјќи на втората табла додека Дмитриј Јаковенко освои сребрен медал на 4. Табла.

Овој настап во Порто карас потврди  дека тимот е моќен да го повтори успехот од пред две години и најавија атак на втората европска титула на следниот шампионат во Будва , Црна Гора.

Покрај АЛкалоид големи симпатии на купот освоија и шахистите на Гамбит Асеко кои настапија во домашен состав.  Арнаудов, Данчевски,Николовски, Стојчевски , Динев и Андоновски  направија голем успех освојувајќи го 8. Место  со 10 освоени бодови  со што ги поканија младите шахисти да работат упорно за да се вклучат активно во битката со најдобрите светски играчи  со кои овојпат тие играа успешно презентирајќи ја македонската шаховска школа.