-->
-->
ЕКК: Алкалоид сам на првото место
-->
Шахистите на Алкалоид се наоѓаат на првата позиција на Европскиот клупски куп. Во 5.коло Алкалиод забележа победа од 3,5:2,5 против Медни Всадник и со максимални 10 поени се наоѓа на првата позиција. Победи во мечот остварија Дмитри Андрејкин и Јури Криворучко, додека само на првата „табла“ загуби Динг Лирен. Реми партиите ги завршија Павел Елијанов, Дмитри Јаковенко и Јангји Ју.
Вториот македонски претставник Гамбит Асеко загуби со 1:5 од тимот на Свети Николај Српски.
Алкалоид е прв со 10 поени, а Гамбит Асеко се наоѓа на 29.место со 5 поени.
Денеска во рамките на 6.коло е дуелот на две од трите непоразени екипи воедно и меч кој може да донесе и шампионска титула. Алкалоид игра против Сибир, додека Гамбит Асеко игра против Шахфрунде од Берлин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море