Македонија
7. August 2016 - 14:07

Екипите кои 15 часа биле на терен спасиле 1.000 граѓани и се уште се отстрануваат последиците

Управувачкиот комитет за управување со кризи којшто се состана утрово во Центарот за управување со кризи, ќе предложат до Владата прогласување на на кризна состојба во траење од 15 дена во скопскиот и тетовскиот регион, соопшти Вицепремиерот и Министер за здравство, Никола Тодоров.
 
На состанокот било договорено да се формираат комисии за проценка на штета која веднаш ќе врши прценки, како што ќе се расчистува теренот.
 
Екипите кои 15 часа биле на терен спасиле 1.000 граѓани и се уште се отстрануваат последиците од силните невреме, а од утринава од 6 часот со хеликоптер се пребарува терентот за евентуални други жртви.
 
„Почнавме со ваква систематска активност со прочешлување на целиот терен. При овие пребарување беа најдени неколку починати лица во рамки на оваа бројка. Искрено сочувство до семејствата на сите кои претрпеа сериозна загуба, до сите граѓани на Град Скопје. Фокусирани сме на пребарување на целиот терен и извлекување на оние кои се во загрозениот регион, обезбедување на сместување, храна, вода, испумпување на надојдената вода од поплавените куќи“, изјави Тодоров.