Македонија
6. January 2017 - 10:54

Екипи на Општина Штип ги расчистуваат градските улици и пристапите до селата

Општина Штип апелира до граѓаните на Штип, доколку немаат итна потреба да не ги користат автомобилите, за да се овозможи непречено чистење на улиците од снегот.

Четири екипи работат низ градот за да ги приспособат улиците за сообраќај со оглед на наносите од снег, а, исто така, екипи работат и на деблокирање на пристапот до неколку села. 
 
Се работи на оспособување на пристап до село Врсаково како и до село Драгоево вклучително и селата кои гравитираат кон нив и имаат проблеми со блокирани патишта од снегот.