ЕК за неколку дена треба да почне да користи „Северна Македонија“
Европската Комисија се подготвува за неколку дена да почне да го користи новото име „Република Северна Македонија“, јави дописничката на МИА од Брисел.
Откако двете земји го ратификуваа договорот, Европската Комисија чека да завршат сите предвидени процедури помеѓу Скопје и Атина за да влезе во сила употребата на новото име во европските институции. Македонија треба сега да ги извести Обединетите Нации и сите меѓународни и регионални организации дека Преспанскиот договор стапи во сила и да побара од нив да го користат терминот „Северна Македонија“. Според дипломатски извори, ЕК очекува известување од Скопје до среда оваа недела, паралелно со известувањето до ОН.
Меѓутоа, некои работи не се до крај разјаснети, информираат во ЕК, односно нејасно е дали промената на терминот ќе се случи веднаш или дали ќе се чека одлуката на Колеџот на комесари или пак на Советот за надворешни работи на ЕУ, предвиден на 18 февруари, каде во заклучоците би можело да биде усвоена официјално употребата на новото име од страна на министрите за надворешни работи на ЕУ.
И во Советот и во Комисијата се работи на утврдување на процедурите, информираат од овие институции.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид