ЕК тужи шест земји членки на ЕУ поради загадување на воздухот | Сител Телевизија
Свет
17. May 2018 - 14:31

ЕК тужи шест земји членки на ЕУ поради загадување на воздухот

Европска комисија одлучи да поднесе тужби пред Европскиот суд за правда против Германија, Франција, Унгарија, Италија, Романија и Велика Британија поради кршење на одредбите за квалитетот на воздухот.

Франција, Германија и Велика Британија ќе бидат тужени поради непочитување на ограничувањето на азот диоксид, а Унгарија, Италија и Романија бидејќи не успеале да го намалат нивото на штетни честички.

Додека Шпанија, Словачка и Чешка нема да бидат тужени бидејќи ветија мерки кои ќе овозможат да се исполнат стандардите на ЕУ за квалитетот на воздухот.