ЕК: Руската вакцина Спутник V нема да се дистрибуира во ЕУ
– Одлуката на унгарските власти да дозволат употреба на руска вакцина против коронавирус „Спутник V“ не се однесува на територијата на ЕУ, изјави портпарол на Европската комисија.
Европската унија претпочита сите вакцини што им се нудат на европските граѓани да бидат одобрени од Европската агенција за лекови.
– Поради итност, одделни земји можат да одобрат употреба на вакцина на нивна територија и да им ја дистрибуираат на своите граѓани. Но, ние сме за максимална транспарентност на процедурите поврзани со вакцините, рече портпаролот.
Европската комисија посочи дека државата е единствена одговорна за временски ограничена одлука во итни случаи.
Рускиот министер за индустрија Денис Мантуров на 13 ноември разговараше со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за производство на руската вакцина во Унгарија, каде што веќе почнаа подготовките на производствени капацитети.
Сијарто рече дека испораката на мали серии на руската вакцина Спутник V во земјата ќе почне во декември, а поголеми количини може да се очекуваат во јануари.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците