ЕК: Работиме на спроведување на договорот со Турција за мигрантите
Интерес на Европската комисија (ЕК) е да работиме на „планот А“, изјави денеска претставник на ова тело на Унијата одговарајќи на прашањето дали институцијата се подготвува за можноста Турција да го раскине договорот за мигрантите.
- Договорот доведе до промени, беа пресечени мрежите на криумчарите, беа спасени човечки животи. Не е во интерес на Турција на нејзините граници да се движат криумчари. Не знаеме за друг функционален предлог, изјави претставникот, не посочувајќи точно кои се решенијата и алтернативите при можно поништување на договорот.
- Додека другите прават кампања на социјалните мрежи, ние деноноќно работиме на поддршка на државите од Европската Унија, а посебно на земјите на надворешната граница (на ЕУ) - Грција и Италија, додаде тој.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето