ЕК предложи воведување на единствени правила за давање на азил
Европската комисија предложи денеска воведување на единствени правила во ЕУ за давање на азил, во настојување да се скрати периодот за чекање заради одобрување бегалски статус.
Минатогодишниот бегалски бран, во кој 1,3 милиони луѓе влегоа во земјите на ЕУ, без почитување на законските правила на патот преку Медитеранот па се до барањата за азил во Германија или некоја друга држава, наведе поединечни земји да го суспендираат Шенгенскиот договор.
- Промената на правилата ќе донесе заедничка постапка за давање на азил, изјави комесарот на ЕУ за миграција, Дмитрис Аврамопулос.
Како што објасни еврокомесарот, правилникот би вовел поедноставни стандарди кои ќе се однесуваат на условите за прифаќање на мигрантите, помошта која државите мора да им ја обезбедат, па се до едноставните правила за дозволи за брак, патни исправи, пристап до вработување, образование, здравствена и социјална заштита, пренесува Танјуг.
Предлогот, кој ќе биде разгледан од страна на националните влади и Европарламентот, уследи откако Комисијата во мај предложи систем за поделба на мигрантите, по одредени квоти на земјите членки, со што се создаде револт кај источните членки на ЕУ кои одбиваат да прифатат мигранти.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд