Македонија
13. October 2020 - 16:41

ЕК покрена постапка за трошењето на европски пари, по случајот постапува и финансиската полиција

Европската Комисија ги истражува наводите за можна злоупотреба на ЕУ  фондовите од програмата Еразмус плус  од страна на македонската национална  агенција за образовни програми. Портпаролката на Комисијата задолжена за образование, Сузан Конзе, за Сител вели дека Унијата нема да дозволи злоупотреба на своите фондови, и ке бара рефундирање на средствата ако биле ненаменски потрошени. 

-Сите наводи за злоупотреба се разгледуваат и онаму каде што станува збор за ЕУ фондови, секое нерегуларно трошење ќе биде идентификувано и ќе се врати назад.

Од Јавното обвинителство известуваат дека случајот го следи финасиската полиција.

Основното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е известено дека од страна на Финансиската полиција ќе биде земена на увид целокупната документација поврзана со сите едукатори со кои Националната агенција за образовни програми склучила договор. Доколку во натамошниот тек на постапувањето, Финансиската полиција побара од обвинителството, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција стои на располагање во секој момент да излезе во пресрет за издавање насоки или наредбиза преземање натамошни дејствија.