Свет
31. May 2021 - 21:46

ЕК одобри употреба на вакцината на Фајзер кај деца на возраст од 12 до 15 години

Европската комисија денеска одобри употреба на вакцина на Фајзер/БиоНТек кај деца на возраст од 12 до 15 години, изјави комесарот за здравство на ЕУ, Стела Киријакидис.

-Земјите-членки на ЕУ сега можат да одлучат да ги прошират своите програми за вакцинирање, вклучително кај деца и тинејџери. Секоја доза е важна за да се стави крај на кризата, нагласи Киријакидис.

Минатата недела Европската агенција за лекови (ЕМА) даде зелено светло за употреба на Фајзер/БиоНТек кај деца на возраст од 12 до 15 години. Оваа вакцина е веќе дозволена за употреба кај оваа возрасна група во САД и Канада.