Балкан
7. November 2015 - 12:38

ЕК одобри на Хрватска итна помош од над 16 милиони евра за бегалците

вропската комисија одобри на  Хрватска 16,43 милиони евра итна помош за подобрување на состојбата на терен поради големиот бран бегалци во земјата.

- Со оваа одлука продолжуваме со поддршка на земјите членки соочени со зголемен број азиланти и мигранти. Ставаме на хрватските власти на располагање 16,43 милиони евра за подобрување на управувањето со границите и соочување со големиот бран државјани на трети земји, изјави еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Димитрис Аврампоулос, се наведува во соопштението на ЕК.

Од 16,43 милиони евра, 3,99 се од фондот за внатрешна безбедност, а 12,43 милиони од фондот за азил, миграција и интеграција, наведува Хина.

Овие средства ќе се користат за финансирање на мерки преземени по 16 септември, со цел зголемување на надзорот на полицијата на хрватско-српската граница за подобро управување, како и за подобрување на условите во привремените прифатни центри.

Задно со овие 16,43 милиони евра итна помош, Хрватска од овие два фонда ќе добие и редовни средства наменети за периодот 2014-2020 година.

ЕК претходно одобри пакет итна помош и за Словенија во висина од 10,17 милиони евра.