Свет
8. December 2017 - 14:09

ЕК одби да ја каже сумата која Лондон ја должи при повлекувањето на Велика Британија од ЕУ

 

Европската комисија денеска одби да ја открие сумата која Лондон ќе ја должи на Унијата при повлекувањето од ЕУ.

- Никогаш не сум откривал бројки, нема да го направам и денеска, изјави на прес - конференција главниот преговарач на ЕУ Мишел Барние.

Според него, важно беше долговите на Велика Британија да бидат вклучени во договорот што беше постигнат денеска.

- Прашањето не е политичко, но не можеме да направиме точна пресметка - сумата на расходите ќе се менува во следните години, објасни Барние.