ЕК очекува почеток на преговорите со Македонија и Албанија што поскоро
По изјавата на германскиот министер за надворешни работи дека не треба да се раздвојат Македонија и Албанија во преговарачкиот процес до ЕУ, со сличен став реагираше и Европската комисија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Портпаролката за проширување Ана Писонеро на денешниот редовен брифинг за новинари одговарајќи на прашање го повтори ставот на Европската Комисија.
– Европската Комисија со нетрпение очекува одржување на првата Меѓувладина конференција со Македонија и Албанија што е можно поскоро, ова е јасна позиција на Комисијата, но Советот е тој што треба да ги одобри преговарачките рамки што ги поднесовме веќе пред некое време, рече Писонеро.
Таа додаде дека се очекува од португалското претседателство да ги свика конференциите за двете земји што поскоро.
Европската Комисија смета дека двете земји се подготвени да ги започнат преговорите со ЕУ штом земјите членки дадат зелено светло за усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228
-
ДИК: Oд обработени 63,59% oд гласовите Силјановска Давкова 214.560, Пендаровски 105.593
-
ДИК: Oд обработени 59.59% oд гласовите Силјановска Давкова 197.741 - Пендаровски 97.592
-
Двојна предност на Силјановска пред Пендаровски од 50,3% обработени гласа
-
ДИК: 46,36% oбработени