Свет
2. July 2020 - 14:46

ЕК очекува дозвола за употреба на Ремдесивир до крајот на неделава

Европската комисија се надева дека одлуката за дистрибуција на првиот лек во ЕУ против Ковид-9 ќе биде објавена пред крајот на оваа недела, изјави претставник на ЕК.

– Заштитата на здравјето е основен приоритет за ЕК. Затоа го забрзавме процесот за давање овластување за дистрибуција (во ЕУ) на Ремдесивир, така што ќе биде достапен за луѓето од заедницата. Се надеваме дека оваа дозвола ќе биде дадена до крајот на неделава, рече тој.

Европската агенција за лекови (ЕМА) на крајот на јуни препорача да се одобри продажбата на првиот лек во Европската унија против Ковид-19, Ремдесивир. Во соопштението на ЕМА се вели дека Европската комисија ќе го забрза процесот на донесување одлука за пристап на пазарот на овој лек.