Свет
21. December 2016 - 14:08

ЕК: Нема напредок во преговорите за укинување на визите со САД

Европската комисија денеска го претстави извештајот за напредокот во преговорите со САД за укинување на визите за граѓаните на Бугарија, на Романија, на Кипар, на Полска и на Хрватска.

- И покрај интензивираните контакти на политичко и техничко ниво со САД нема индиции за укунување на визите, посочува ЕК.

По стапувањето на должност на новата администрација на САД, ЕК веднаш ќе ги активира своите напори и ќе инсистира на укинување на визниот режим.

Следната средба на министрите и на високите претставници од правосудната областа и внатрешни работи на ЕУ и на САД е планирана за првата половина на 2017 година.

- Укинувањето на визниот режим со САД останува приоритет за Европска унија. Тоа прашање ќе го ставам на дневен ред и пред новата администрација во Вашингтон и ќе продолжам да потенцирам колку е важно да се постигне целосна визна реципрочност за секој граѓанин на ЕУ, изјави еврокомесарот за внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос.