Македонија
20. July 2018 - 18:26

ЕК: Косовските царини имаат негативен ефект врз регионалната трговија

Европската Комисија бара итни појаснувања од косовската Влада за воведувањето царини врз овошјето и зеленчукот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Испратено е писмо до косовските власти во кое се предупредува за негативните ефекти на оваа одлука.

- Европската Комисија побара итни појаснувања од властите во Косово по одлуката на Владата донесена на 17 јули, која има негативни ефекти врз регионалната трговија. Комисијата очекува обврските од Договорот за стабилизација и асоцијација ЕУ-Косово да се исполнуваат и ја истакнува важноста на регионалната соработка, стои во реакцијата на Европската комисија.

Косовската Влада одлучи да воведе рестриктивни мерки врз низа земјоделски производи на 17 јули, создавајќи хаос на царинските премини и голема загриженост кај македонските земјоделци.