Балкан
9. February 2016 - 13:42

ЕК ја поздрави можноста НАТО да се вклучи во заштитата на грчко-турската граница

Европската комисија изрази денеска поддршка за идејата на НАТО да се вклучи во пограничното обезбедување на Егејското Море.

Комисијата очекува дека со тоа ќе се придонесе за спасување на што е можно повеќе човечки животи.

- ЕК ги следи изјавите околу заложбите на НАТО во врска со прашањето за миграцијата во Егејското Море, изјави на прес-конференција портпаролот на Комисијата, Маргаритис Скинас. 

- Десетте километри, кои ги делат грчкиот и турскиот брег, не можат да бидат рај за трговците со луѓе, коментира тој.