Бизнис
11. May 2017 - 19:40

ЕК ја намали прогнозата за македонскиот раст

Политичката криза го намали растот на македонската економија. Европската Комисија во пролетниот извештај предвидува раст од 2,9% оваа и 3,2 отсто во наредната година.  Причина за забавениот раст е долготрајната политичка криза, која резултира со пад на инвестициите, намалување на капицитетите на институциите за спроведување на структурните реформи  и неможноста за стабилизација на долгот.

Брисел посочува дека инвеститорите биле воздржани, чекајќи крај на политичката криза, така што инвестициите се намалиле за 4,3%,. Растот  го движат приватната потрошувачка и извозот. Растот на извозот ќе остане стабилен , благодарение на странските комапнии присутни на македонскиот пазар , а дефицитот на тековната сметка ќе се намалува.

Европската Комисија  прогнозира дека невработеноста ќе продолжи да се намалува, но со побавно темпо  со оглед на зголемената несигурност  во деловното опкружување.

Потрошувачките цени  за храна, домаќинство и увоз на струја ќе растат, но умерено. Ќе има повеќе кредити за корпоративниот сектор , реализацијата на капитални проекти е ставена под прашалник, па затоа, можеби ќе биде неопходен  ребаланс на буџетотот средината на годината. Големите фискални ризици го загрозуваат стабилизирањето на долгот . Државните компании кои учествуваат во изградба на инфраструктурата имаат се поголеми трошоци кои ги надоместуваат од буџетот,  што го зголемува долгот. Владата веќе се соочува со зголемени камати и тоа дополнително влијае на зголемувањето на дефицитот., се наведеува во Пролетниот извештај на Европската Комисија.